ЕКСПЕРТИТЕ: Нова мутација на КОВИД-19 му се заканува на човештвото - ЕВЕ ОД КАДЕ ДОАЃА

14.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСПЕРТИТЕ: Нова мутација на КОВИД-19 му се заканува на човештвото - ЕВЕ ОД КАДЕ ДОАЃА

Коронавирусот доживеа нова мутација, која може да доаѓа од други животни, како што се глувците, куните итн, предупредува  експерт. Вирусот може „да се врати кај човечката популација во наредните години“, изјави Сер Џереми Фарар, директор на „Wellcome Trust“.  

Неговите коментари доаѓаат во време кога има  нови предупредувања за еволуцијата на вирусот кај визоните (животни од семејството куни, ласици).

Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека вирусот може да се пренесе од визоните кај луѓето. И континуирано ширење на коронавирусот (Sars-CoV-2) на фармите со визони може дефинитивно да предизвика други форми на мутација, или „загрижувачки“  варијанти на вирусот.

Потребна е дополнителна проценка за да се процени дали изменетиот вирус може да ја попречи ефективноста на вакцините, се вели во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата