Познатиот српски тренер, искусниот Драгослав Степановиќ, ја коментираше репрезентацијата на Србија што не успеа да се пласира на ЕП. Тој рече дека „ќе умре од мака“ што Македонија обезбеди учество, а Србија не.
„Едноставно Србија со Шкотска требаше да игра ризикува. Но, тоа кај Тумбаковиќ не е можно. Одигравме плашливо. Се изгуби култот на репрезентацијата. Погледнете ги Хрватите. Тие гинат кога играат за репрезентација. Или кога видов дека Македонија помина, сакав да умрам од мака. Земја од 2 милиони жители. Нормално, им честитам од срце. А, каде сме ние?“, рече Степановиќ.
Степановиќ во минатото ги водеше тимовите на Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен, а беше и во некои други германски тимови. Како играч беше дел од неколку клубови меѓу кои Манчестер Сити, Ајнтрахт и Црвена Звезда.