ОВИЕ ГРАДОВИ ПРВИ ЌЕ БИДАТ ПОТОПЕНИ во налет на катастрофа која доаѓа...

12.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВИЕ ГРАДОВИ ПРВИ ЌЕ БИДАТ ПОТОПЕНИ во налет на катастрофа која доаѓа...

За глобалното загревање и топење на мразот повеќе се зборува отколку што се прави за да се стопира. Колку е проблемот сериозен може добро да се виде со помош на алатка која ја создала НАСА а која предвидува кој градови ќе бидат потопени поради топење на мразот.

Научниците во “формулата“ го пресметале дејството на Земјината гравирација и нејзините ротации како би предвиделе како водата ќе се “редистрибуира“ ширум светот.

- Алатка за секој град дава јасна слика кои ледници се од посебна важност – изјавил своевремено еден од научниците кој учествувал во истражувањето, пренесуваат медиумите.

Истражувањето покажало дека од топење на големите ледени површини на западниот дел на Гренланд во Европа треба да стравуваат Лондон, Дубровник, Тромсе (Норвешка), Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест (Франција).

Научните податоци покажуваат дека врз топењето на ледот имало влијание пораст на нивото на морето во текот на 20. век, а во 21 век тоа влијание повеќе се зголемило.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата