Единствена Македонија: Одложувањето на изборите во Штип и Пласница е единствен начин да го заштитиме народот

6.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Единствена Македонија: Одложувањето на изборите во Штип и Пласница е единствен начин да го заштитиме народот

Во изминатите 15 дена по анализите и внатрепартискиот избор беа утврдени двајца млади и амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник на Единствена Македонија кои имаат народна визија во интерес за општините Штип и Пласница.  Но, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Единствена Македонија нема да учествува на избори во Штип и Пласница закажани за 13 декември од најмалку две причини, порачаа од партијата.

- Првата причина е неучеството на повеќе политички партии, особено најголемата опозициска партија што ги прави изборите нелегитимни. Единствена Македонија е силно мотивирана за изборен мегдан со сите партии по тешкиот изборен фалсификат врз Единствена Македонија на изборите од 15 јули на кои партијата според историскиот скандалозен преседан со планот за колатерална штета на тие избори на кои Единствена Македонија требаше не да биде поразена, туку понижена. Да потсетиме, јавноста се запозна со планерите и со монструозниот план како и со доказите за тешкиот изборен фалксификат врз Единствена Македонија на прес конференцијата од 26 јули на претседателот на партијата Јанко Бачев, велат оттаму.

Според нив втората причина е тешката здравствена состојба во земјата.

- Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Одложувањето на овие избори е единствен начин да го заштитиме народот. Сега е потребно домашно единство а доколку големиот број на заразени и починати не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство. За таа цел, Единствена Македонија со неучество на изборите на конкретен начин покажува дека секогаш е на страната на народот. Но, за да ја добиеме битката со коронавирусор потребно е знаење, спообност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа, потенцираат од Единствена Македонија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата