Новиот Apple Watch 6 мери време но, и во каква состојба е телото

30.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот Apple Watch 6 мери време но, и во каква состојба е телото

Компанијата Apple на 16 септември го претстави долгоочекуваниот паметен часовник Watch 6. Новиот часовник е достапен во повеќе бои и со различен дизајн. Часовникот го мери нивото на кислород во крвта за 15 секунди.

Нивото на кислород во крвта е особено важен податок за луѓето коишто страдаат од белодробни или кардиоваскуларни заболувања, што е особено изразено во време на пандемијата со коронавирус.

Новиот Apple Watch нуди нови опции за целото семејство бидејќи на родителите им овозможува подобра контрола над децата во смисла на рестрикција на содржините, контактите и слични опции.

Цената на овој паметен часовник изнесува 399 долари. Батеријата трае до следното полнење 24 часа.

За повеќе интересни информации и други детали погледнете ја рецензијата на Tech Spurt:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата