Научниците предупредија дека имунитетот НЕ трае долго: НАЈСИЛНИ АНТИТЕЛА имаат луѓето кои ги имале овие симптоми

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Научниците предупредија дека имунитетот НЕ трае долго: НАЈСИЛНИ АНТИТЕЛА имаат луѓето кои ги имале овие симптоми

Научниците од Империјал колеџот во Лондон после спроведено истражување предупредиле дека имунитетот стекнат после прележан ковид-19 брзо поминува. Имено, им правеле тестови на антитела на оние кои го прележале новиот коронавирус и веќе после три месеци забележале пад на имунитетот за 26 отсто. Британците имаа и втор бран на почетокот на септември, а научниците велат дека само 4,4 отсто од тогашните заразени денес имаат антитела. 

Тие претпоставуваат дека имунитетот на новиот корона вирус трае само неколку месеци и дека милиони луѓе и понатаму се под голем ризик, дури и ако го прележат вирусот. 

Друга студија покажала дека луѓето кои имале позитивен тест и ги покажале следните симптоми: кашлица, температура и губење на сетилата за вкус и мирис имаат и најсилни антитела. Од друга страна, постарите и оние кои имале асимптоматска инфекција имале и најслаби антитела. 

Професорот Грејем Кук од Империјал колеџот вели дека важно е да се нагласи дека поголем дел од популацијата и понатаму е во голем ризик, но изразил и надеж дека, како и другите корона вируси, реинфекцијата со новиот би можела да биде поблага од првото заразување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата