Откако денеска не успеаја да го победат Вест Хем на гостински терен, играјќи нерешено 1:1, Манчестер Сити има само осум бода на пет натпревари во Премиер лигата оваа сезона и тоа е најслабиот старт на сезоната на „граѓаните“ од 2014/2015, кога тие исто така имаа 8 бода по пет кола.

Во сезоната 2014/2015, главен тренер на тимот беше Чилеанецот Мануел Пелегрини, под чие водство тимот заврши на второто место со 79 бода, 8 бода помалку од тогашниот шампион Челзи.

За првпат, тим предводен од Пеп Гвардиола не успеа да освои најмалку 10 бода по првите пет првенствени натпревари.