НБА ѕвездата на Денвер Нагетс, српскиот кошаркар Никола Јокиќ реши да стапне на „лудиот камен“ и да ја овековечи својата врска со долгогодишна девојка Наталија Мачешиќ.

Венчавката се одржа во неговиот роден град Сомбор. Никола и Наталија се забавуваа седум години, а сега одлучија да ја крунисаат таа врска со брак.