Ништо не може да го запре Huawei - преставен новиот Huawei Mate 40 Pro

24.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ништо не може да го запре Huawei - преставен новиот Huawei Mate 40 Pro

Huawei денес ги претстави долго очекуваните нови уреди во серијата Mate – Mate 40. Како што истакна извршниот директор на Huawei, при претставувањето, Ричард Ју, сите паметни телефони во серијата Mate 40 припаѓаат на „flagship” категоријата. Новата серија ја содржи најдобрата технологија на Huawei.

Mate 40 серијата ја карактеризира препознатливиот дизајн, под чија површина се крие иновативна технологија. Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + се создадени по принципот фунцкионален дизајн со 88° Horizon екран и заоблени страни за полесно држење. Уредите доаѓаат со IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода, избор на виртуелни и физички контроли на гласноста и подобрени алгоритми за спречување на случаен допир.

Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + имаат и 3D отклучување со препознавање лице, ултраширокоаголна селфи камера и прецизен сензор на движење. На задниот дел се забележува Space Ring дизајнот. Huawei Mate 40 и Mate 40 Pro се достапни во црно-бели комбинации, како и Mystic Silver, која има ефект на промена на бојата. Постојат и две варијанти со веганска кожа, сончогледово жолта и маслинесто зелена.

Процесорот во новите Mate модели е 5-нанометарскиот Kirin 9000, кој е целосно подготвен за 5G. Системот камери на Huawei Mate 40 серијата е направен во соработка со Leicа и доаѓа со ултраширокоаголна леќа, главна камера со ф=висока резолуција, телефото камера и уште многу. Дуплите Cine камери и дуплите ултрашироки камери на Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + овозможуваат снимање широкоаголни вида и фотографии на предните и на задните камери.

Huawei Mate 40 Pro има дигитален зум од 50x, a Huawei Mate 40 Pro + има хибриден зум од 20x и дигитален зум од 100x. Телефоните имаат и Smart Gesture контроли, кои овозможуваат целосно управување со нив без користење на рацете. Опцијата Eyes on Display, пак, значи дека телефоните може да се активираат со поглед. Multi-screen Collaboration им овозможува на корисниците да управуваат со повече уреди одеднаш, да стартуваат повеќе апликации истовремено, да комбинираат паметен телефон и компјутер итн.

Познати се и цените на телефоните. Huawei Mate 40 ќе чини 889 евра, Huawei Mate 40 Pro 1.199 евра, Huawei Mate 40 Pro + 1.399 евра, Huawei Mate 40 Pro Porsche Design 2.295 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата