Ние не ги нарекуваме свингер-забави, ниту се нарекуваме свингери затоа што тој израз има негативна конотација. Овие забави сакаме да ги нарекуваме „интимни настани за возрасни“, објаснува домаќинот на забавата

Надија Бокоди е 36-годишна експертка за с*кс од Австралија, која решила да присуствува на свингер-забава. Таа ги објасни предностите и недостатоците на овој вид забава и како да се однесуваме таму. За News.Com.Au, таа ја сподели својата приказна и впечатоците од свингер-забавата:

Дојдов да го прославам роденденот на  пријателка на плажата Бонди. Тоа беше сосема обична прослава, освен еден детаљ - сите гости беа свингери. Јас ја запознав славеничката кога правев документарни видеа за сексуалната заедница за мојот канал на YouTube. Таа организираше забави во приватни мезони околу Сиднеј и ме покани да дојдам и да интервјуирам неколку присутни.

Развивме неочекувано искрено пријателство и наскоро ручав со неа и со луѓето кои изгледаа потполно просечно, додека не ги прашав што прават во слободно време. Подолу ќе набројам само неколку работи кои најмногу ми ги отворија очите, а кои ги научив додека се дружев со свингери ...

Не ги нарекувајте свингери

На првиот настан на кој присуствував, кога на шега прашав: „Па, дали забавите со свингерај навистина се совпаѓаат со оние од сцените на филмот Eyes Wide Shut?.

- Ние не ги нарекуваме свингер-забави, ниту се нарекуваме свингери, бидејќи терминот има многу застарена, негативна конотација. Повеќе сакаме да ги обележуваме забавите како „интимни настани за возрасни“ - учтиво објасни домаќинот кога зачекоривме во лифтот за да се искачиме до пентхаусот.

- И, ако не се нарекувате „свингери“, тогаш како точно се викате - праша Надија.

„Човечки суштества“, одговорија со насмевка.

Започнуваат оргиите

Додека не видите, едноставно не верувате дека е реално. Да бидам искрена, ако некој пријател само ми ја раскажеше оваа приказна, ќе се сомневав. Но, оргиите навистина избиваат на „интимни настани за возрасни“.

- Во еден момент јас и мојот дечко разговаравме со комплетно облечена двојка пиејќи коктели, а во следниот момент тие беа голи со уште неколку други пред нас. Не бев доволно сигурна да им се придружам - Надија се обиде да опише како започнале оргиите.

Повеќето пријатели што ги стекнав преку оваа заедница се брачни парови со деца, кои работат деловно и ќе бидат исто толку задоволни кога ќе разговараат за работа, како што ќе ја планираат својата следна тројка.

Еден пријател кој седеше спроти мене на забава на плажа започна спонтано да ја бакнува жената до него пред да се спријатели со нејзиниот сопруг, кој откако рече дека е време да ги собере децата од фудбал, со бакнеж се прости од друга жена.

Многу од нив водат двоен живот

Не мислите дека познавате свингер? И јас. Додека не влегов во нивниот свет и сфатив дека ги има насекаде: во училиште, во канцеларија, во кафуле и продавница. Шансите се дека знаете барем една двојка која има секс со други парови; но едноставно не сте свесни за тоа. Тоа е затоа што повеќето луѓе кои го живеат овој животен стил водат двоен живот.

Бев изненадена кога дознав дека ова не е исклучиво за постари, брачни парови со деца, но е подеднакво распространето кај младите 20-годишници, кои исто така се дел од оваа сцена. На роденденската забава на Бонди, запознав жена во раните дваесетти години, која ми рече дека има група пријатели „свингери“ и група „обични“ пријатели кои немаат идеја дека има и овој скриен дел од неа.

Тие не веруваат во сопственост на своите партнери

Еден од најпросветлените разговори што сум го водела досега е со маж кој присуствува на сексуални забави со сопругата, а неговата сопруга е неверојатно убава и професионална манекенка.

- Целокупната идеја дека жената е ваша сопственост кога ќе се ожените е сосема погрешна. Мажите треба да престанат да ги третираат женските тела како работи што треба да ги поседуваат и да ги освојуваат - ми рече тој.

- Таа се враќа кај мене затоа што сака да биде со мене, не затоа што јас ја контролирам. Таа е модел, би можела да има кој и да сака маж. Но, таа ме избира мене затоа што сум доволно сигурен како маж - продолжи тој. Патем, тие се заедно повеќе од една деценија и тие се најљубезниот пар што сум го запознала.

И тие доживуваат љубомора

- Како го правиш тоа? Како не сте љубоморни кога вашиот партнер има секс со други луѓе? - прашав пријател од заедницата.

- Ох, станувам љубоморен. Јас сум сè уште човек со чувства. Јас само препознавам дека нема вредност да постапувам според мојата љубомора. Ја препознавам како што е: чувство, исто како лутина. Не мора да постапувате на вашиот бес секогаш кога ќе го почувствувате, а исто така, луѓето на овој начин на живот свесно избираат да го прифатат, но не постапуваат на љубомора кога неизбежно ќе се појави - објасни таа.

- Исто така, разговараме за границите со нашите партнери пред да се случи нешто. На крајот, тоа е само секс - заклучи таа.

Најчитани вести