Нема сомнеж дека фолк пејачката Сузана Гавазова е една од најомилените домашни пејачки на народна музика.

Сузана има армија обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Но, веројатно кога се настапите во прашање, Германија стана пазар каде некои може да договорат и имаат настап.

Изминатиот викенд во Ахен, „Силви Бенд“ имаа концерт, а сега најави и Гавазова која неодамна пееше и на свадба во Бугарија.

Во провокативна клекната поза со задникот во прв план, објави дека наскоро ќе пее во Штутгард.

За таа прилика, односно најавата за настапот и поканата до тамошните обожаватели, облече провокативна принт комцинација која го оцртуваше нејзиното раскошно тело.

Откако си кажа што имаше и направи неколку пози во домашниот амбиент, покажа и уште доза провокација додека ја бара својата мачка.

Дека е ултра секси, добро занеме, а сега и за тоа дека и по дома не е ништо помалку опасна.

Извор: Вистина.мк

Најчитани вести