СЕ ОЖЕНИ СРПЧЕ! (Видео)

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ОЖЕНИ СРПЧЕ! (Видео)

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ и неговата избраничка Јелена Брауновиќ денес се заколнаа на вечна љубов во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница.

Кратко време по пристигнувањето на роднините, во дворот на живописниот српски средновековен манастир на Грачаница, пристигна младоженецот облечен вообичаено за ваков свечен момент, костум. Неговата избраничка, пак, дојде облечена во прекрасна комбинација на традиционалното и модерното – бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. Во црквата, чинот на венчавка го изврши архимандритот Иларион, кој му е заменик на владиката Рашко – призренски Теодосије, кој пак испрати благослов до младенците.

Пред црквата по завршувањето на венчалната церемонија се пееја песни од богатата српска историја и традиција, а дефинитивно најдобар глас имаше невестата, Јелена која пак е наставничка во скопското училиште „Киро Глигоров“ во Скопје.

Вечни да се!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата