Столбот во одбраната на Ливерпул Вирџил ван Дајк ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да се оперира. По мечот со Евертон во саботата Холанѓанецот беше однесен во болница и се чекаа резултатите од снимањата. Се потврди она што стравуваше тренерот Јирген Клоп, скинати лигаменти и Ван Дајк ќе мора да оди на операција, а Ливерпул ќе мора без него седум до осум месеци.

Тоа е голем хендикеп за шампионите и за Клоп кој ќе мора да бара ново решение за дефанзивниот ред.

Инаку Ван Дајк се повреди откако голманот на Евертон опасно стартуваше врз него. Иако на снимката се гледаше удар во ногата на Холанѓанецот, но судијата не покажа пенал ниту го исклучи играчот на „карамелите“.