По демолирањето на Манчестер Јунајтед во претходното коло, сега Тотенхем го победи и Вест Хем со 3:2 нанесувајќи му го првиот пораз на градскиот соперник во Премиер лигата оваа сезона.

Уште во првото полувреме, поточно по првите 16 минути Тотенхем поведе со 3:0 со головите на Сон и два на Хари Кејн.

Иронично Вест Хем го изедначи резултатот откако кај домашните во игра влезе Герет Бејл. После точно 2709 дена велшкиот фудбалски ас истрча на терен на премиерлигашки натпревар во дресот на Тотенхем. Тој влезе во игра во 72 минута на местото на Бергвајн. „Чеканите“ потоа постигнаа три гола и спасија бод.

Фабијан Балбуена постигна гол во 83 минута, а три минути подоцна автогол си постигна Санчез и со тоа создаде неизвесност за својата екипа во финишот. „Чеканите“ спасија бод во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Ланцини.