Skip to main content
x

18 Oct 2020 - 19:30
redakcija
Статија

Партизан и Црвена Звезда одиграа 1:1 во 11. коло на српската Супер лига. Инаку ова беше 163. вечно дерби помеѓу градските ривали, а мечот заврши без победник.
Се играше 5. минута кога младиот играч на Звезда Ераковиќ погреши, Сума пресече и тргна во напад, а потоа топката стигна до Стевановиќ кој убаво ја затресе мрежата на Борјан.

Во 52 минута Звезда можеше да изедначи, но ударот на Гобељиќ заврши во стативата. Сепак, изедначувањето стигна во 74 минута од пенал. Јојиќ направи прекршок врз Саного во сопствениот шеснаесетник, а судијата покажа на белата точка за Звезда. Александар Катаи погоди за конечни 1:1.

Во последните секунди од мечот Саного од Звезда доби втор жолт картон и го напушти теренот.

sportmedia.mk

Најчитани вести