СЕГА Е МОДЕРНО ДА ЗАБРЕМЕНИШ! Анастасија Ражнатовиќ искрено за врската со Ѓорѓе: Тој не ме гледа како ТРОФЕЈ (видео)

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕГА Е МОДЕРНО ДА ЗАБРЕМЕНИШ! Анастасија Ражнатовиќ искрено за врската со Ѓорѓе: Тој не ме гледа како ТРОФЕЈ (видео)

Анастасија Ражнатовиќ не сака многу да зборува за својот дечко Ѓорѓе Куљиќ, но за емисијата “Ексклузивно“ направила исклучок. Таа открила дека сеуште не планира брак и деца, и изнела детали за својата врска за кои јавноста не знае.

- Јас не размислувам за тоа, но сега станалао модерно да забремениш, да се вериш, јас не трчам по тие работи. Гледам себеси, да се изградам како личност, да напредувам во кариера, имам врска долго време и не брзам нигде. Ако е судено и ако треба така да биде, ние секако еден ден тоа ќе го официјализираме со брак и дете. Со тие работи не треба да се брза. Нови Сад го гледам како своја оаза на мирот, во Белград доаѓам работно и да го видам своето семејство но во Нови Сад живеам. Многу сум мирна и смирена личност, темпераментна сум кога сум испровоцирана. Јас сум парадокс, од една страна го сакам овој град што се така е брзо, а од друга страна би побегнала да сум во тишина со личноста која ја сакам, и дека се така е мирно, ништо да не се менива. Тоа доаѓа со тоа што некого сакате – рекла Анастасија, а потоа раскажала што најмногу цени кај своеот момче:

- Има тука многу фактори, мислам дека сум пресериозна за своите години, поради животот, но и поради тоа што сум во врска со некој кој е повозрасен од мене, има милион фактори. Постар од мене е девет години, но таа разлика не се забележува бидејќи сум позрела и така делувам. Јас не сакам врска во која постојано ќе бидам под стрес, и да размислувам каде е, што е. Тој мене не мегледане како трофеј. Дечкото е вон тоа, не се експонира, јас тоа го почитувам кај него, тој нема врска со јавниот живот. Човекот има своја работа, и не сака да се шлепува покрај мене и не му е важно.

Ражнатовиќа се осврнала и насвојот брат Вељко Ражнатовиќ, кој неодамна станал татко и признава дека Вељко и понатму и е чуден во таа улога. - Исклучиво ми е чудно, иако поминаа четири месеци за мене секогаш ќе остане како кога бевме мали. Забележувам дека на мажите малку повеќе им треба, а Богдана како преку ноќ се преобрази во мајка, а Вељко ми сеуште чуден со бебе... – рекла Анастасија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата