Самоубиствен бомбашки напад во Авганистан – 13 лица загинаа, десетици се ранети

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Самоубиствен бомбашки напад во Авганистан –  13 лица загинаа, десетици се ранети

Бомбаш самоубиец во западната провинција Гор во Авганистан уби најмалку 13 лица, а околу 120 се повредени.

Шефот на болницата во Гор, Мохамед Омер Лалзад, изјави дека лекарите од брзата помош ги санираат повредите на неколку десетици повредени лица, така што конечниот број на жртви може да се очекува да биде поголем, објави Ројтерс.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аран изјави дека експлодирал автомобил-бомба недалеку од канцеларијата на началникот на регионалната полиција и зградите на федералната влада.

Досега никој не ја презеде одговорноста за овој самоубиствен чин на насилство во Гор, којшто се случи истовремено додека во Катар се одвиваат директните мировни разговори меѓу владините претставници во Кабул и Талибанците, што треба да резултира со мировен договор по повеќе децении граѓанска војна.

Претставник на кабинетот на гувернерот Гор рече дека експлозијата била исклучително силна и можела да се слушне дури и во Фирузкох, главниот град на провинцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата