Ракометарките на Вардар буквално го растурија тимот на Кузман Вардар во 8. коло на женската Супер лига. Тие очекувано доминираа на теренот и на крајот високата победа од 40 поени разлика не е изненадување.

Вардарки победија со 52:12, а на полувреме имаа водство од 25:5! Кај Вардарки најефикасни беа Миновска и Џатевска со по 6 гола, а Лазаровска, Трпевска, Диневска, Дамјановска реализираа по пет погодоци.

Кај гостите од 12-те гола пет даде Јовевска.

А Стружана со 30:18 го победи Овче Поле. Вечерва играат уште Кометал ЃП-Шампион и Гевгелија-Чаир.