Е, па, народе, и тоа го има во фудбалска Македонијал. И тоа го има во Кратово. Имено, оваа информација ни е потврдена и не се заснова на рекла – казала. Имено во 94.минута на мечот меѓу Силекс и Работнички се случило нешто неверојатно. Имено некој БАТКА, успеал да ги извади каблите од струја, односно од репортажните коли на Продукцијата Скендеровски, со цел да не се повтори спорниот момент од 94.минута кога Силекс победува, поточно како тоа домашните постигнуваат гол. Тука имало спорен момент, тоа е факт, а некој си, успал да ги тргне каблите. Навистина жалосно и фрапантно. И затоа ние сите што сакавме, на повторена снимка, да го видиме победничкиот гол на кратовци, не успеавме во тоа. И само поради тој БАТКА, на кој очигледно никој ништо не му може.

Но исто така тој БАТКА, очигледно е дека не знае една работа. Имено постои можност, се разбира ако се сака, сепак тој спорен момент да се види. Но за тоа треба да се почека неколку часови.

Се разбира ова е срамно. За ова треба некој да одговара. Никој не вели дека Силекс како клуб е виновен за оваа глупост што тој некој си ја направил. Но, Силекс е виновен како клуб поради тоа што тој е домаќин и организатор на овој натпревар, и не смее да дозволи да се случуваат вакви работи.

Колку за потсетување ФК Силекс ова лето ја претставуваше Македонија во квалификациите во ЛШ. И замислете тој истиот БАТКА, да ја исклучеше струјата на Арената со цел да не се видат головите на Дрита.

И што ќе се случеше тогаш?

А, за судењето во некоја друга прилика. Ако веќе некој си намерно ги тргнал каблите со цел да не се види ништо во таа ситуација во 94.минута, тогаш и повеќе од јасно е дека тој момент е ДЕБЕЛО СПОРЕН. И јасно е дека судијата направил голема грешка кога го признал голот, оној победничкиот на Силекс.

Нема друга логика, нема тука друго објаснување.

СРАМОТА…

А, за пеналите? Е, па драги читатели гледајте на ТВ снимките и смејте се…нема друго. Иако работата е за плачење.