Поради минирање во прекин сообраќајот на патот Кичево – Охрид

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради минирање во прекин сообраќајот на патот Кичево – Охрид

На патниот правец Кичево – Охрид, поточно кај с.Врбјани после планинскиот превој Пресека, утре поради минирање во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата