Во последниот меч од 8.коло во ВМФЛ – ЗАПАД,екипата на Лабуништа Тетово, односно Тетекс, како домаќин во Боговиње, успеа со 1:0 да ја победи екипата на Кадино. Победничкиот гол беше дело на Лазар Пеев и тоа пенал во 64.минута. Ова се многу значајни три бода за “штофарите“ кои полека, но сигурно како да бегаат од самото дно на табелата во оваа конкуренција. Сега не се последни, на тоа место падна Дрита со 4 бодови, а “штофарите“ имаат шест и се претпоследни.

Да кажеме и тоа дека на денешниот меч во Боговиње, на двете екипи, на Лабуништа и Кадино, покажани им беа дури 13 жолти картони, шест за домашните играчи, а седум за гостите од Кадино.