Очекувано, заслужено и уверливо. Струга Трим Лум ја победи Беласица со 3:0, иако според шансите, имаше и промашен пенал, можеше и требаше таа победа да биде уште поубедлива. Сепак да не биде така се погрижи раното водство на домашните, и тоа со 2:0 во 9. минута. Прво Лена од пенал успеа да го открие резултатот. Откако претходно Цветаноски беше фаулиран. Потоа Миленковски најдобро се снајде и од неколку метри ја затресе мрежата на струмичани. После тоа водство домашните тргнаа со сите сили по трет гол, и така беше се до 25-30 минута кога свесно како да дигнаа „рачна“. Беласица имаше неколку акции, но тоа беше далеку од некое изненадување. И тогаш во вториот дел, кога тренерот Захариевски внесе во игра неколку свежи играчи, Струга Трим Лум тргна по трет гол, и тоа го одби преку Флорент Османи во 70.минута кога убаво шутираше со глава од непосредна близина по нафрлениот корнер на Таири.

А токму Таири можеше оваа победа да ја направи поубедлива кога во 57.минута не успеа да погоди од белата точка. Своја шанса имаше и добриот Алтипармаковски, но и ова беше доволно за голема и убедлива победа, и за нови три бода за одличниот состав на стружани.

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА 3:0 (0:0)

Градски стадион во Струга. Гледачи:/. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Лена (п) 2., Миленковски 9., Османи 70. (СТР). Ж. Картони: Миленковски (СТР), Бајрами, Коцев, Пановски, Митевски (БЕЛ).

Играч на натпреварот: Нијас Лена (Струга Трим Лум).

СТРУГА ТЛ: Ѓуриќ, Ристевски, Шеји, Цаке, Таири, Алтипармаковски (67. Скендери), Лена (67. Јахја), Б. Шабани (73. А. Шабани), Касами, Миленковски (67. Мециновиќ), Цветановски (46. Османи).

БЕЛАСИЦА: Силјановски, Стојков (58. А.Коцев), Размоски, Митевски, Пановски, Ивановски, Серафимовски, Бајрами, Радојчиќ (63. В. Коцев., Каланоски, Робсон.