Торино претрпе пораз на домашен терен од Каљари со 2:3 во 4. коло на Серија А. Попусто „биковите“ го имаа Андреа Белоти кој ја решеташе мрежата на противникот, кога дефанзивците не беа на висина на задачата и му дозволија на Каљари да ги однесе бодовите.

Белоти во 4 минута од пенал го доведе Торино во водство (втор најбрз негов гол во кариерата), меѓутоа насмевките на домашните играчи ги запреа Жоао Педро и Џовани Симеоне со два брзи гола од 12 до 19 минута за пресврт.

Сепак само што почна вториот дел Белоти изедначи и место домашните да пристигнат и да ја грабнат победата примија гол и загубија. Џовани Симеоне го тресна Торино после лошата реакција на Сиригу.

А повратникот Специја одигра 2:2 со Фиорентина иако губеше со 2:0 уште по четири минути игра. Пецела и Бираги погодија во 2. односно 4. минута од мечот. Но домашните преку Верди во 39 намалија, а во 75 минута преку Фариас спасија бод.

А во пладневниот термин Болоња загуби дома од Сасуоло со 3:4.