И кога се чинеше дека Академија Пандев ги намести „коцките“, почна да игра и да собира бодови се случува Шкупи, нов пораз и тој на домашен терен. Во превод кажано Дембо Дарбо! Одличниот голгетер повторнмо е човек на одлука, човек кој „забива“ за нова “тројка“ на чаирчани кои остануваат во лов на лидерот Шкендија. Се играше 79 минута кога „ѕверот“ од Гамбија полета по нафрлената топка од Алварез, ги надскока Димовски и Маслаќ и од само неколку метри ја закова топката со глава во мрежата на Алчевски! Толку му треба! Еден миг и магија… До тој момент мрежата пред голот на струмичани постојано се плетеше. Гостинот беше во страшен налет, иницијатива и прилики за гол. Обидите на Јусуфи, Алварез а пособно оној на Ламине од 7-8 метри во 55. Минута беа најава за тоа дека Шкупи е дојден по трите бода. Немаше домашниот тим протрив игра. Против игра тренерот Тренчовски не најде и преку замените кои не донесоа ништо ново во играта на Академија Пандев. Едноставно триото Алварез – Ламине – Дарбо е многу опасно и главното оружје на Умит Каран и Шкупи.
Стоилов добро бие, златна шанса за Крстовски
А почетокот на средбата не навестуваше на тоа дека Шкупи е подобар тим. Барем во првиот дел на теренот доминираше домашниот состав. Додека Сашко Пандев имаше сила се беше добро. Маслаќ добро ги командуваше дефанзивните линии но така не оди цел меч. Уште во 6. Минута опасна прилика преку Стоилов кој е во соло акција но Наумовски со крајни напори го брани неговиот удар од 15 метри. Следува и златната шанса за домашните во 18. минута. Димовски уфрла, сам на 5 метри е Крстовски но овој наместо во мрежата го префрла голот. Невозможно но вистинито! Се закани и Велиновски но и тој од добра положба е непрецизен. Шкупи во првите 45 минути без ниту една прилика за гол но затоа пак гостинот во вториот дел стигна до посакуваната цел.
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0:1 (0:0) Стадион: „Благој Истатов“, во Струмица. Главен судија: Марјан Ецкоски од Охрид. Помошници: Мицевски (Струга), Степановски (Битола). Делегат: Благој Петров од Велес.
Стрелец: Дарбо 79’
Ж. Картони: Стоилов, Маслаќ (А), Билали, Кривањева, Дарбо (Ш)
Играч на натпреварот: Дембо Дарбо
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Димов, Маслаќ, Димоски, Јованов (Радески 83’), Велиновски (Томиќ 74’), Стоилов (Трапановски 83’), Томовски, Пандев (Илиев 59’), Крстовски, Маркоски (Талаков 83’).
ШКУПИ: Наумовски, Глишиќ (Јусуфи 62’), Илјази, Ламине, Адеми, Исени (Бериша 92’), Алварез (Исмаили 92’), Кривањева, Дарбо, Билали (Салим 85’), Нето.