ПРЕМИНУВАМЕ НА ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Еве кога треба да се поместат стрелките

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕМИНУВАМЕ НА ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Еве кога треба да се поместат стрелките

Ова ќе биде една од последните промени во пресметување на времето во Европа.

Во ноќта помеѓу сабота 24. и недела 25. октомври почнува зимско сметање на времето и тоа поместување за еден час назад – во 3.00 часот наутро треба да се вратат сказалките еден час назад, на 2.00 часот.

Пракса е секој последен викенд во октомври да се поместува часовникот и премине на зимско сметање на времето, каде што ова прашање е регулирано со закон во повеќе европски земји.

Целата идеа за воведување промена на времето е базирано на астрономски околности дека во јануари сонцето изледува околу 8 часот, а заоѓа пред 5, а излегува после 21 часа. Бидејќи луѓето своите активности секој ден ги започнуваат во исто време во тек на цела година околу 7 часа, средина на летото се губат два часа дневна светлина.

Од 2021 – пресврт!

Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласал укинување поместување на часовникот од 2021 година со што сите земји во ЕУ треба да одберат летно или зимски сметање на времето.

Заговорниците на оваа одлука тврдат дека со укинување на летно и зимско пресметување на времето корисно е за заштета на енергија, додека противниците тврдат спротивно.

Предложената измена на промена на времето, е во последната недела на месец март 2021 година кое и биде и последно за земјите на ЕУ кои се одлучиле за летно сметање на времето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата