Пожар избувнал во маркет на булеварот Партизански одреди

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар избувнал во маркет на булеварот Партизански одреди

Во скопската полиција, синоќа околу 2 часот по полноќ, било пријавено дека настанал пожар во маркет на скопскиот булевар Партизански одреди.

При тоа биле опожарени два ладилника и дел од стаклото на излогот од маркетот.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата