На 18.10.2020 во 01.30 часот Д.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 00: 50 часот во нас.Драчево, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
Нешто порано, односно во 23: 30 часот Д.С.(19) од Скопје, пријавил дека околу 23 часот, во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од Б.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.