Овие три хороскопски знаци, идната недела ДА ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМ ФИНАНСИСКИ ПРИЛИВ

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овие три хороскопски знаци, идната недела ДА ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМ ФИНАНСИСКИ ПРИЛИВ

РИБИ

Имате многу сериозен пристап кон работата, и тоа ќе почне да дава резултати веќе следната недела. Освен пофалбите и можностите за напредување, можен е и поголем финансиски прилив.

Периодот кој следи ќе треба да го искористите на најдобар начин и да направите јак темел за некои идни проекти. Вие сте многу романтични, и поради тоа често доаѓате во ситуација да ја губите главата по некоја личност што воопшто не го заслужува тоа.

ЛАВ

 

Работата секојдневно се зголемува. За ваша среќа, следната недела обврските ќе ви причинуваат задоволство и нема да чувствувате замор. Во среда е можна финансиска добивка од хонорарна работа. Партнерските односи ги држите под контрола и не дозволувате ништо да ви ја наруши хармонијата која ја имате.

Обидете се да се опуштите и да не дозволите еден член на семејството да ви се замеша во плановите. Доколку сте осамени, можни се интересни контакти преку работа. Обрнете внимание на една Вага.

РАК

Имате одлични услови да ја напредувате во кариерата. Ако сте невработени, следната недела ќе ви се укаже шанса за работа, која не би требало да ја испуштате. Заборавете на вашите планови за странство, засега овде е вашата иднина.

Бизнис раковите ќе потпишуваат договори кои ќе им донесат зголемување на финансиите. Единствен проблем може да биде стресот кој го чувствувате поради преголемата амбиција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата