КОСОВО ВО ЕУФОРИЈА по најавите на Бајден за косовската иднина

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОСОВО ВО ЕУФОРИЈА по најавите на Бајден за косовската иднина

Кандидатот за претседател на САД Џо Бајден рече дека ќе го смени, како што рече, „неизбалансираниот пристап“ на администрацијата на Трамп кон Србија и Косово.

Во документот „Визија за односите со Албанија и Косово“, Бајден зборува за неговите планови за идните односи на Балканот и наведува дека како сенатор ги бранел интересите на Косово кога фокусот на светот бил на друго место и ја поддржувал косовската независност, што според него е неповратен процес, објавува приштинскиот портал Репортери.

Бајден ветил дека ќе работи во партнерство со Европската унија за заживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел стабилизирање, правично решение и сеопфатен договор што, рече тој, „го почитува територијалниот интегритет на Косово и постигнува целосно заемно признавање“.

Тој исто така најави дека ќе инсистира правдата за воените злосторства да се спроведува без страв и да бара целосна и брза одговорност за исчезнатите, вклучително и браќата Битичи, пренесува Репортери.

Во документот се наведува дека Бајден ќе ја „охрабри“ ЕУ да го исполни ветувањето дека граѓаните на Косово да одобри визна либерализација и да преземе понатамошни чекори за подобрување на интеграцијата на Косово во ЕУ, вклучувајќи го и Договорот за стабилизација и асоцијација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата