Овој едноставен тест е направен по принципот „што прво гледате“, неретко ваквите тестови ги користат и психолозите. Она што прво го забележувате, тоа открива што е она што ви помага во клучните моменти во вашиот живот.
Ова се резултатите од тестот:
Дрво
Имате исклучително развиена интуиција и речиси секогаш ја следите. Кога и да сте во двоумење, вие секогаш се потпирате на тоа чувство во вашиот стомак, кое што никогаш нема да ве изневери. Многу сте лежерни и не ви значат материјалните нешта, уживате во ситниците како што се сончев ден и пријатно друштво. Сакате да го поминувате вашето време во тишина, одмор и не работејќи ништо.
Глава од тигар
Вас ве краси исклучително моќен карактер и остар ум. Кога и да донесете некаква одлука, никогаш не се сомневате дали сте постапиле исправно или не. Една од причините за тоа е тоа што пред да ја донесете одлуката „100 пати сте размислиле“. Вие не создавате проблеми таму каде што ги нема, многу сте фокусирани и знаете што сакате во животот.