26-годишен оженет маж од Индија станал меѓународна вест затоа што си го излажал семејството и сопругата дека е заразен со корона вирус, само за да избега, односно да може да живее со швалерката.
На 24 јули Маниш Мишра и се јавил на сопругата да и каже дека е позитивен на корона и дека веќе не сака да живее. Потоа го исклучил мобилниот телефон, а тоа предизвикало паника кај неговото семејство. Сопругата веднаш му се јавила на неговиот брат и побарал помош од него. Тој ја советувал да го пријави случајот во полиција, односно да пријави дека мажот и е исчезнат.
Истрагата која следувала покажала дека Маниш всушност ја искористил короната како изговор да го напушти семејството и да побегне со љубовницата.
Полицијата кога ја почнала истрагата ги проверила сите лаборатории, па се покажало дека никој со такво име, Маниш Мишра, не се тестирал. Потоа било откриено дека бил отпуштен и од работа заради обид за измама.
„За време на истрагата дознавме дека неколку години бил во вонбрачна врска и сакал да се спаси од жената и ќерката. Заради тоа ја испланирал својата болест и самоубиство“, рекол полицискиот инспектор кој ја водел истрагата. Мишра бил најден на 15 септември во друг град, каде живеел со љубовицата во надеж дека неговото семејство веќе го отпишало како мртов.