Златан го срушил интернет после дербито: Оваа фотка на Ибра ДОБИЛА 12.000 коментари за еден час (фото)

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Златан го срушил интернет после дербито: Оваа фотка на Ибра ДОБИЛА 12.000 коментари за еден час (фото)

Фудбалерите на Милан го совладале Интер (2:1) во серија на 4. коло на италијанска Серија А

Најзаслужен за победата бил Златан Ибрахимовиќ кој неодамна се опоравил од коронавирус.

Фантастично дерби видено на “Đuzepe Meaci”, во кое Интер бил номинален домаќин, а Милан ја прекинал серијата на порази од големиот ривал од четири утакмици, реализирајќи прв триумф после скоро пет години.

Се застанало во спектакуларните половина час игра кога Златан Ибрахимовиќ со два гола станал јунак “росонера“ против бившиот клуб.

На Фејсбук објавил фотографија на лав раскрвавен после хранење, и предизвикал лавина коментари на одушевени фанови. Фотографијата за еден час собрала повеќе од 12.000 коментари.  

“Ибрахимовиќ беше многу уморен, дури побара и замена, но овој пат го игнорирав. Златан е извонреден, тој мноу прави за екипата со својот талент, решителност и карактерот. Тој е вистински професионалец кој дава се за својата екипа и сака секогаш победа, од финале на Купот до утакмица на тренинг. Ибра навистина лесно се води“, искажал комплименти тренерот на Милан, Стефано Пиоли на сметка на својот напаѓач.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата