Како по некое непишано правило, доколку Реал „киксне“ во Ла Лига, ништо подобро не минува и Барселона. По шокантниот пораз на „кралевите“ денеска дома од Кадиз, вечерва ништо подобро не мина ни каталонскиот гигант, кој загуби со 1:0 на гостувањето кај Кадиз.

Одлучувачкиот момент на средбата се случи во 56. минута кога Хетафе доби удар од белата точка, а Хаиме Мата беше прецизен во мрежата на Нето и обезбеди предност, која домашните ја сочуваа до самиот крај.

За Хетафе ова беше трета победа во петтиот меч во Ла Лига која ги става на врвот на табелата со идентичен скор како и Реал (М), Кадиз и Гранада. За Барселона ова беше првиот сезонски пораз.

Standings provided by SofaScore LiveScore