Италијански триумф го означи почетокот на новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање. Традиционалниот старт со велеслаломот во австрискиот зимски центар Зелден го освои одличната Италијанка Марта Басино, која стигна до својата само втора победа во Светскиот куп.

На второто место со само 14 стотинки заостанување завршипрвата италијанска освојувачка на големиот кристален глобус од минатата година, Федерика Брињоне. На третото место финиширашее Петра Влахова, која направи неколку грешки во текот на првото возење и на крајот не можеше повеќе.