Одбојкарите на Вардар лесно и убедливо стигнаа и до втората победа сезонава во домашното одбојкарско првенство. „Црвено-црните“ му гостуваа на тимот на Јанта Волеј и обезбедија убедлива победа од 3:0 (25-15, 25-15, 25-17).

Иако Вардар настапи ослабен поради неиграњето на Лепидовски и Џамбазов (се наоѓаат во самоизолација поради контакт со заразено лице од Covid-19), фаворитот доминираше од почеток до крај на мечот.

За одбележување е дебито на 14-годишниот Теодор Димовски, кој ја оправда довербата на стручниот штаб и даде свој придонес во победата.