“Французите се крадци, а францускиот амбасадор е „смрден““

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Французите се крадци, а францускиот амбасадор е „смрден““

Ванчо Ордановски, брат на новинарот Сашо Ордановски и примател на владин грант во висина од 350 илјади евра од Фондот за иновации предизвика вербален инцидент на Твитер.

Ордановски со тешки навреди врз Францускиот народ и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во Македонија, пренесува Експрес.мк

Коментирајќи акција на француската полиција против тамошниот министер за здравство Ордановски сите Французи ги квалификуваше како крадци а нивниот амбасадор во Македонија како човек што не води лична хигиена.

“Французи бе, крадат нешто. Лоповска работа, како што рече оној нивниот смрден амбасадор Тимоние за нас”, напиша Ордановски на Твитер.

Ордановски во јавноста неколку пати објавуваше пораки со говор на омраза кон опозицијата а стана познат кога пред две години доби грант од 350 илјади евра за иновација која според повеќе извори била преземена од индиска фирма а за која јавноста се уште нема доволно информации дали е функционална.

Ордановски на Твитер се појавува зад името Mindplumber.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата