Ракометарките на Чаир со нов убедлив пораз го завршија настапот во европските купови за оваа сезона. Во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, нашиот преставник по убедливиот пораз во Скопје, денеска загуби и на возвратниот меч против екипата на Наиса во Ниш со 37:23.

Србинките беа далеку поквалитетен противник и на втората средба на која покажаа уште во првото полувреме дека се е решено на оној прв меч во Скопје. Предводени од одличната Симона Стојановска, првиот дел го решија во своја полза со 19:15, а во вториот дел го засилија темпото, па на крајот дојдоа и до многу поуверлив триумф.

Стојановска со 6 гола беше најефикасна кај Наиса, додека кај Чаир, Марија Николовска постигна 14 гола.