Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77, рече дека вицепремиерот Љупчо Николовски не може да и бара оставка, туку тоа може да го направи само Владата.
„Не гледам зошто би дала оставка. А, Владата има право. Ама под Владата ако го отворите етичкиот кодекс, таму пишува дека претседателот на Владата може да бара некакво разрешување, а не, господинот Љупчо Николовски. Јас го цитирам Етичкиот кодекс.
Владата мене не ме именува, јас сум избрана од Управниот одбор“, рече Димова.