Хрватската полиција објави снимка од нападот кој во понеделникот се случи на плоштадот Свети Марко во Загреб, за кој постојат сомнежи дека бил насочен кон премиерот Андреј Пленковиќ.

Како што пренесува „Вечерњи.хр“, директорот на полицијата Никола Милина и државниот обвинител, Јурица Илиќ, денеска на прес-конференција зборувале за истрагата за кривичното дело, повеќекратен обид за убиство со елементи на тероризам.

Потесетување, 22-годишниот напаѓач Д. Безук рани полицаец пред Владата и изврши самоубиство.

На конференцијата беше прикажано видео од нападот.

„Ние презентиравме дел од фактите. Полицијата спроведува обемна истрага уште од првиот ден. Потврдено е дека се работи за три сериозни обиди за убиство на полицајци кои биле пред плоштадот Свети Марко. Постојат елементи на тероризам“, рече Милина, додавајќи дека не може да се каже дали Безук сакал да влезе во Владата, но не може ниту да се негира таквата намера.

извор: Makfax

Најчитани вести