Мисајлески: Зошто советникот позитивен на коронавирус не ги информираше колегите?

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мисајлески: Зошто советникот позитивен на коронавирус не ги информираше колегите?

Славчо Мисајлески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук ја коментира ситуацијата со советникот на СДСМ во Ѓорче Петров кој по натписите во медиумите обелодени дека има коронавирус.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Каква нечовечност е потребна од страна на колегата советник за да сокрива дека присуствувал болен од Covid19 на јавна седница, а за тоа тие да дознаат од сосема трета страна?!

– Зашто откако тој го дознал резултатот не ги информирал веднаш своите колеги туку тоа го прави два дена потоа откако излезе јавно информацијата?!

– Нели беше коректно спрема нив тие да го знаат тоа навремено зашто сепак сите имаат фамилии кои им се блиски и без разлика на тоа колку и да се припазувале или не мерките можеби би превземале чекори да навремено се заштитат себеси и оние околу нив?!

– Зашто не беше мерена температура и не се направи поединечна дезинфекција на секој поединечно при самиот влез во салата каде што се одржуваше седницата?!

Дополнително во демантот се даваат бројни нелогичности кои отвораат многу прашања за самата нивна вистинитост и искреноста на колегата советник.

Ќе почнеме со ред а вие самите заклучите:

– Доаѓате на јавна седница на совет каде што за кворум недостасува еден глас (твојот) и тогаш вие немате ни информација дека сте имале контакт со заболено лице ниту пак имате симптоми но веднаш по нејзиното завршување вие веќе дознавате дека сте имале контакт со заболено лице и веќе имате исполнето услови за да закажете термин за тестирање?

– Веќе наредниот ден Вие се тестирате во ИЈЗ и тоа приватно иако знаеме дека во нормални услови се чека и по неколку денови за термин, се бараат услови за исполнување на алгоритмите или пак се чека ред кој во овие денови на висок степен на заболени лица е многу голем?

– Веќе наредниот ден се се развива во Вас и вие сте веќе позитивни но со ништо не сте знаеле или посомневале претходниот ден иако знаеме дека за да си позитивен потребни се повеќе денови на инкубација на самиот вирус?

– Го добиваш резултатот усмено, а не приложуваш документ за истиот во демантот ниту пак фактура за направената услуга со што се докажува дека тестот е правен приватно.

– Откако дознаваш дека си позитивен тоа го криеш од колегите советници со што оставаш сомнежи дека не си знаел за потенцијалната можност да си носител на вирусот при одржувањето на самата седница…

Се на се многу нелогични објаснувања во демантот, многу нехумано и некоректно однесување на колегата советник кон останатите колеги во советот на општина Ѓорче Петров, спрема вработените во општинската администрација и присутните медиуми, демант кој отвора многу прашања за неговата вистинитост и кој треба да е предмет на истрага од надлежните институции затоа што знаеме дека свесно сокривање на заболено лице од коронавирус претставува загрозување на здравјето на останатите граѓани и е кривично дело.

Остануваме се уште да добиеме официјално известување од надлежните институции кои треба да го истражат настанот а не да читаме закани за тужби кон оние што ја открија вистината која очигледно советникот имаше намера да ја скрие.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата