Ја критикуваа за „провокативните“ фотографии: Финците „СКОКНАА“ ВО ОДБРАНА НА ПРЕМИЕРКАТА

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја критикуваа за „провокативните“ фотографии: Финците „СКОКНАА“ ВО ОДБРАНА НА ПРЕМИЕРКАТА

„#Imwithsanna“ - ова е хаштагот што го користеа Финците за кампања на социјалните мрежи во одбрана на нивната 34-годишна премиерка Сана Марин.

Сè започна со фотосесија во многу популарното женско списание „Тренд“, за кое Марин позираше во многу отворено сако. Ваквиот избор предизвика многу полемики. „Несоодветно и провокативно“, „Таа не мисли да управува со земјата, туку сака да се прави манекенка“, „Среде пандемијасме а таа се соблекува“, ова се дел од критиките упатени кон нејзе. Но, стотици Финци не се двоумеа да го излезат во нејзина одбрана на социјалните мрежи.

Жени и мажи, кои ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од деколтето придружени со хаштагот „Јас сум со Сана“. Суштината на сите објави во одбрана на премиерката, е дека не е облеката таа со што се мери кредибилитетот.

„Сакаме свет во кој жената не треба да се грижи за губење на кредибилитетот поради деколтето“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

Во енјзина одбрана излегле и познати личности од земјата, вклучувајќи го и поранешната претседателка на Финска, Тарја Халонен која и честиташе на Марин.

Добредојде во клубот на жените во политикат, чиј изглед е постојано во центарот на вниманието и се дискутира, за разлика од мажите кои лабаво можат да се појават со разголени гради, без никој да ги коментира, напиша Халонен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата