„Ало, ги убив моите 3 ќеркички“: Тројно убиство ја потресе Виена, мајката го призна злосторството

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ало, ги убив моите 3 ќеркички“: Тројно убиство ја потресе Виена, мајката го призна злосторството

Тежок настан утрово ја шокираше Австрија , каде три мали девојчиња беа убиени, а се сомнева дека позади ѕверско злосторство стои нивната мајка.

Мајката на убиените девојчиња сама се јавила во полиција. Според соопштението на полицијата во Виена, во 05:20 часот, жена се јавила на телефон и кажала дека ги убила нејзините три ќерки. Понатаму додаде дека сака да се самоубие.

Полицајците отишле во станот при што ја уапсиле и жената, која имаше и неколку рани на нејзе. 8-месечното девојче и 3-годишното беа пронајдени без знаци на живот, додека другото 9-годишно девојче, иако беше итно пренесено во болница, не успеа да преживее.

Останува нејасно што ја натерало жената да им го одземе животот на девојчињата, а во меѓувреме се дознава дека  нивниот татко живее на друго место, исто во Виена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата