ЈА СНИМИЛ, ПА СЕ ОТКАЖАЛ: Една од најубавите песни на Цеца требало да ја испее познат рокер

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЈА СНИМИЛ, ПА СЕ ОТКАЖАЛ: Една од најубавите песни на Цеца требало да ја испее познат рокер

Балканската ѕвезда Светана Цеца Ражантовиќ зад себе има голем број хитови, а скоро за секоја песна постои посебна приказна како настанала и дали првично била наменета за неа или за некој друг.

Од тоа дека некои песни се посветени на нејзините деца, преку тоа дека Дино Мерлин и ја подарил „Белград“, дека „Кукавица“ ја одбиле многу пејачи, до тоа дека „Иди додека си млад“ била наменета за Весна Змијанац.

Сега 24 години после објавувањето на песната „Исусе“, откриено е дека оваа нумера била отпеана од Оливер Мандиќ, кој пак никогаш не ја објавил. Имено Оливер на крајот на 1989 ја снимил оваа песна сакајќи да ја објави на својот албум, но после многу размислување се откажал.

Во тоа време Марина Туцаковиќ работела на албумот за Цеца, па и понудила да ја испее, а Цеца прифатаила, по што настана хитот кој и денеска се слуша.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата