Србија станува Холивус! Продукциите се тркаат која ќе сними повеќе серии, а се поради пари и сурова борба за гледаност. Во Србија моментално се работи на повеќе од 30 ТВ остварувања.

РТС, Пинк, Прва, “Телеком Србија“, “Јунајтед медија“, и помали продукциски куќи вложуваат невероватни 35 милиони евра во повеќе од триесет нови остварувања.

Главен и одговорен уредник на РТС Драган Бујошевиќ вели дека тука се вртат огромни суми на пари бидејќи серискиот програм привлекува гледачи, спонзори и огласувачи.

- Никој не очекува вложените пари да се вратат со првото емитување. Затоа сериите секаде во свет се репризираат за да во трето-четврто емитување се исплатени.

Милош Аврамовиќ, режисер на “Јужен ветер“, најгледана серија во оваа година, открива колку продукцијата вложува пари за само една епизода:

- За квалитетна домашна серија цената се движи од 80.000 до 300.000 евра за една епизода. Најскапи се епохите и тоа продукцијата може да ја чини околу 300.000 евра по епизода. Во такви серии сценографијата е богата, се прават огромни сетови на повеќе локации, а тука се костими, сценска борба... Најповолно е да се снимат ситкоми (комедии), кои се исклучиво гледани. На едно место се мести сетот и тука се сработува поголем дел од серијата, затоа и една епизода чини 20.000 евра.

Хонорари на глумци...

Авторот на хит серијата “Убиците на мојот татко“, “Државен службеник“, Предраг Гага Антонијевиќ вели дека доста пари одат на хонорари на главните ликови.

- Тие се плаќаат по денови на снимање. Потоа хонорари за техничари, луѓе од продукција, монтажери, костимографи, сценографи и целот помошен кадар. Поголем број на локации бара и повеќе пари, и на крај режисерот открива како сето тоа се исплаќа.

- Пари се добиваат од спонзори, но и од реклами кои се емитуваат за време траење на серијата. Не се занемарува ни сумата која се зема преку претплата на одредени кабловски оператори. Постои и т.н. “бинџовање“ а тоа значи некои луѓе плаќаат дополнително за одеднаш да ги гледаат сите епизоди во една сезона.

Колку чини една епизода од сериите:

Од 20.000 до 50.000 евра

"Mama i tata se igraju rata", "Slučaj porodice Bošković", "Porodica", "Tajna vinove loze", "12 reči", "Hotel Balkan",, "Zlatni dečko", "Jugoslovenka", "Neki bolji ljudi",, "Tri muškarca i tetka", "Zlatni dani", "Ljubav ispod zlatnog bora", "Igra sudbine", "Tate"

Од 50.000 до 80.000 евра

"Klan", "Močvara", "Kamiondžije", "Toma", "Drim tim", "Dug moru 2"

Од 80.000 до 100.000 евра

Jovanka", "Kosti", "Pevačica", "Kalkanski krugovi", "Kaljave gume", "Crna svadba"

Од 100.000 до 120.000 евра

"Besa 2", "Kralj","Državni službenik 2", "Južni vetar 2", "Vreme zla", "Nečista krv", "Beležnica" 

Сите овие серии моментално се снимаат во Србија

 

Најчитани вести