Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите пејачки во регионот  која благодарение на својот вокал ги полни сите сали каде и се појави.

Марија зад себе има многубројни хитови, но нема многу дуети. Во интервју за 24сата.хр таа откри со кој изведувач би сакала да сними дует.

Не размислував, но постојат некои проговори. Постои само еден пејач со кој имав желба да снимим дует, но во оваа епизода, во овој живот не успеавме. Тоа беше Тоше Проески. Тоа беше моја искрена желба, вели Марија.

Таа исто така откри дека најверојатно ќе сними некој дует во иднина, но не сакаше да открива детали.

Шерифовиќ откри што најмногу и се допаѓа кај Јелена Карлеуша.

Ние сме многу различни, но сепак постои една тенка линија која не спојува. Јелена е интелигентна личност, но никогаш не би рекла дека ќе се разбереме толку добро, вели Шерифовиќ.

Целото интервју во продолжение.

Најчитани вести