За една недела од денеска, љубителите на боречките вештини ќе ја имаат таа среќа да го проследат дуелот помеѓу Џастин Гатје и Хабиб Нурмагомедов. Дуелот е закажан за 24 октомври, и Дагестанецот секако е фаворит. Но Гатје далеку од тоа дека ќе се предаде и ветува голема борба.

„Ветувам дека ќе се обидам да му го разнесам лицето. Не е лесно да се бориш против него, но јас сум супер мотивиран. Почина неговиот татко, тоа за луѓе како нас е огромна мотивација. Ќе биде страшно мотивиран но можам да го победам. Влогот е огромен и може по оваа борба да ми се промени целиот живот“ – вели Гатје.