ДОКАЗ ДЕКА БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ: На пациент од Струмица му се дава медицинска помош пред болничката врата (ВИДЕО)

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОКАЗ ДЕКА БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ: На пациент од Струмица му се дава медицинска помош пред болничката врата (ВИДЕО)

За тоа колку се преполни болничките капацитети, доволно говори едно видео кои редакцкиите на Фактор и Хаштаг го добиле од читател од Струмица.

Според неговите тврдења, станува збор за струмичката болница, која поради преполнетите капацитети, не може да ги собере сите граѓани, па на дел им се дава инфузија, односно медицинска помош и надвор од болницата, односно точно пред нејзиниот влез.

Она што може да се види, е дека веројатно станува збор за помлад пациент, за кого можеби и нема потреба од целосна хоспитализација.

Фактор нема точна информација кога е направено видеото.

Извор: Фактор

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата