Претседателката на косовскиот партламент Вјоса Османи побарала тој предлог да се симне од дневен ред.

Пред косовските пратеници денес прв пат се нашол предлог од нацрт на еден закон во кој се бара да се тргне називот Република (Косово)

Претседателката на косовскиот парламент Вјоса Османи, како што дознава Косово онлајн, после вакво барање побарала тој предлог да се симне од дневен ред, што е и направено.

Имено. Комисија за буџет и трансфери на седница на 7. октомври разгледала Нацрт законот за ратификација на Финанскиот договор помеѓу Приштина и Европската банка за инвестирање во проект за систем на отпадни води во Гњилане, и одлучено е косовското собрание да достави препорака.

Во таа препорака, Комисијата за буџет и трансфери наведува дека законот треба да се усвои со измена и дополнувања, така што во називот на Нацрт законот и во поедини членови од законот ќе биде тргнат зборот “Република“.

Извештајот со препораки е симнат од дневен ред на косовскиот парламент, каде што договорите со ЕУ агенциите во законите за ратификација во меѓународните договори, Косово ќе се претставува со ѕвездичка (Косово*)

Најчитани вести