“Македонија е веќе банкротирана држава со 60% јавен долг“

16.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Македонија е веќе банкротирана држава со 60% јавен долг“

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, денеска на собраниската комисиска расправа за финансирање и буџет истакна дека земјава веќе го прекршува задолжувањето по Мастрихтшките критериуми или веќе сме банкротирана држава која има јавен долг над 60% или 3,143 евра задолжување по глава на жител.

-Ќе ми простите што не прифаќам климања со глава и аминувања со неанализиран датум, која ја одлучува иднината на граѓаните на државата, затоа што простете иако зборуваме на јазикот на тема за финансии, зборуваме за луѓе, а со тоа одлуката за животот на секој граѓанин не треба да се гледа преку бројки или како сува статистика – вели Мизрахи.

По предложениот ребаланс на буџетот, Мизрахи праша дали има пилот во авионот, па гo посочи следново:

-Во однос на јавниот долг заклучно 30.06.2020 година кој изнесува 402,6 милијарди денари или 6,5 милијарди евра;

-Бројката на население во Република Македонија е два милиони граѓани, па јавниот долг по глава на жител изнесува 193,947 денари или 3,143 евра по глава на жител;

-Јавниот долг како процент од БДП заклучно вчерашниот ден е 60,3%;

Доколку се ревидираат сите макроекономски проекции на ММФ моментално се прогнозира пад од 4,4% и доколку се прифатат новите проекции на Светка банка за пад од минус 4,1 % од БДП, долгот е далеку над 60%, со што далеку ги прекршивме Мастрихтшките критериуми за задолжување на државата или во превод банкротирани сме – посочи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека власта не треба да се повикува на КОВИД-19 кризата за овој банкрот, туку треба да се навратиме на катастрофалните лошите финансиски политики на власта изминативе неколку години кои ја доведоа  државата во банкрот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата