Многу од нас ПРАВАТ ГРЕШКИ заради кои можат да добијат КОРОНА: НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА!

16.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Многу од нас ПРАВАТ ГРЕШКИ заради кои можат да добијат КОРОНА: НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА!

Бројот на заразени со корона вирус ширум светот е во пораст, а се поголем е бројот на луѓе кои заради инфекцијата завфшуваат во болница. 

„Знаеме дека веќе сите по малку се уморни од ковидот, но не е време да се откажеме од заштитните мерки“, вели д-р Џон Вајт. Тој навел кои се најлошите работи што може да се направат за време на пандемијата.

Одење на работа ако се чувствувате лошо - Не бидете во близина на други, ако не се чувствувате добро. Може да сте заразени, па дури и пред да добиете позитивен резултат затоа слушајте си го телото. Ако не се чувствувате добро, останете дома, порачал докторот. 

Неправилно носење на маските - Многумина маските ги ставаат само преку устата, а не го покриваат носот. Така капките можат да се шират и маската не е ефикасна превенција во тој случај. 

Одење на поголеми собири, особено во затворен простор - Одењето на големи настани на кои има 50 или повеќе луѓе, без дистанца и маска е опасна игра, истакнува д-р Вајт.

Консумирање храна од шведска маса - Рестораните кои вака ја послужуваат храната сега не се идеална опција. Околу шведската маса може да се создаваат гужви и капкички, кои може да бидат заразни и лесно доспеваат до храната на масата.

Да се мисли дека лекот е тука, зад аголот - Иако напредувавме откако корона вирусот се појави во светот, но не треба да се надеваме на брзо и скоро решение, вели д-р Вајт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата